Приклучи се на Џем Сешн со Џијан Емин на Комшилоок

Во сабота на 28 септември во склоп на фестивалот Комшилоок кој ќе се одржи на улица Волт Дизни, во населбата Шуто Оризари, сите музичари и ентузијасти можат да го донесат својот инструмент и со Џијан Емин да бидат дел од најголемата џем сесија.

Џем сешн (jam session) е спонтано музицирање каде музичари се среќаваат и заеднички импровизираат, без однапред подготвени аранжмани

„Секој е добредојден да учествува и да се изрази преку музика – бидејќи оваа сесија е заедничка креација! Пријави се до Петоk. На 28. септември ќе ви претстави локални и меѓународни уметници, изведувачи и музичари кои ќе ги прикажат своите таленти и уникатни перспективи. Ова издание на фестивалот ќе биде прослава на креативноста, изразувањето и единството. Преку темата „Видливост”, инспирирана од бели ракавици носени од култниот лик на Мики Маус (Mickey Mouse), ко-креиран од авторот Волт Дизни (Walt Disney), имаме за цел да ја истакнеме заедницата која заслужува да биде видена и слушната. Мики Маус е антропорфен глушец креиран пред 96 години, кој најчесто носи црвени панталони, големи чевли и бели ракавици. Во анимацијата, односно во анимираните цртани филмови, белите ракавици се користеле за да ги направат движењата на ликовите поизразени и јасни. Нашиот фестивал го прифаќа овој симболизам – исто како што ракавиците ги оживеале анимираните ликови, ние се трудиме да ги истакнеме приказните и креативноста на заедница која живее на улицата Волт Дизни, осигурувајќи дека добиваат заслужено внимание. Донеси ја својата енергија на ул. Волт Дизни оваа сабота во 18:00 часот, порачуваат организаторите.

- Реклама -