Приведен жител на Вруток под сомнение за кражба во продажен објект

На 08.10.2024 година, во 17:20 часот, во селото Вруток, Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Ф.И. (34) од село Вруток, поради сомнение дека на 07.08.2024 година одзел пари од касата во продажен објект каде што бил вработен.

Приведениот е задржан во полициската станица, а од него биле одземени предмети кои се поврзуваат со стореното дело. По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор