Премиерата на филмот за Дражен Петровиќ ќе се одржи на неговиот 60-ти роденден во Шибеник

Светската премиера на играниот филм „Дражен“ ќе се одржи на 22 октомври, на роденденот на легендарниот, прерано починат кошаркар Дражен Петровиќ.

Филмот на режисерот Данило Шербеџија и авторите на проектот и продуценти Љубо Зџеларевиќ и Ивор Шибер ќе биде премиерно прикажан на роденденот на Дражен во неговиот роден град, додека публиката ќе ужива во единствен настан неколку дена подоцна во Загреб со специјални гости на проекцијата.

Овој долгоочекуван филм, го следи животот и кариерата на еден од најголемите хрватски кошаркари на сите времиња.

Филмот „Дражен“, снимен во чест на 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ, носи фасцинантна приказна за „кошаркарскиот Моцарт“, кој со својата игра ги освои не само регионот и Европа, туку и САД. Филмот е снимен, меѓу другото, на автентични локации во Шибеник, Загреб, Њу Џерси и Њујорк, што дополнително ја зголемува емотивната моќ на приказната.

„Името на Дражен Петровиќ предизвикува восхит низ целиот свет, не само во кошарката, туку и како синоним за остварување на соништата преку напорна работа. Додека многу луѓе го запознаа преку неговите спортски успеси, ние сакавме да ја прикажеме приказната за еден човек на големото платно – неговото растење, односот со семејството и со луѓето од приватниот и професионалниот живот кои го поддржуваа на патот кон врвот приказна“, објаснуваат продуцентите Зџеларевиќ и Шибер.

Главната улога ја толкува Домагој Нижиќ. Постариот брат на Дражен, Александар Петровиќ го игра Павле Матушко, а во актерската екипа се и Зринка Цвитешиќ, како мајката на Дражен, Бисерка и поранешниот пејач на Хладно Пиво Миле Кекин, кој го глуми познатиот тренер Мирко Новосел.

Извор: Индекс.хр

- Реклама -