ПОЛНЕТА ТОРТИЉА: Однадвор крцкава, а внатре мека и сочна

Потребно е:

1 тортиља
2 јајца
50 гр шунка
40 гр сирење
сол
бибер
зачини по желба
малку масло

Подготовка:

Изматете ги јајцата, а потоа посолете и зачинете. Истурете го маслото во тавата и загрејте го. Додадете изматени јајца и одозгора покријте со тортиља. Свртете ги пржените јајца со тортиљата. Потоа, исечете ја шунката на коцки и изрендајте го кашкавалот. Додадете преку јајцата. Преклопете ја едната страна со шпатула за да формирате ролат. Префрлете ги тортиљите во чинија и пресечете ја тортиљата на половина. Послужете топло со прилог по ваш избор. Пријатно!

- Реклама -