Владата, како што рече премиерот, ќе се обиде да го договори овој проект со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со универзитетската заедница и да го преточи во стратегија до 2050 година во која ќе се дефинираат националните приоритети
„Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за разввој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. Таков консензус, за жал, ни недостасува сиве овие години“, порача Микцоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во своето обраќање од свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, ја најави иницијативата за нов, како што рече, сериозен проект, кој ќе биде преточен во стратегија на државата до 2050 година, во која ќе се дефинираат националните приоритети.
Владата, како што рече Мицкоски, ќе се обиде да го договори овој проект со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со универзитетската заедница.
„Од денот кога почнав да се занимавам со политика тврдам дена на ова наше македонско прашање му е потребна енергија и сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен, нов проект. Една сеофпатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат. Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за разввој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. Таков консензус, за жал, ни недостасува сиве овие години“,
изјави Мицкоски во своето обраќање.
На граѓаните, оцени премиерот, им е преку глава од водење држава ден за ден, потребна им е долгорочна стратегија чии главни точки и цели нема да зависат од лакомоста на политичарите ниту од нивното незнаење.
„Научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но овојпат мора да се вклучат и да помогнат во развојот и поставувањето на целите и приоритетите. Потекнувам од универзитетскта заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме, тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет. Секоја академија на науки од соседството соработува со својата држава и придонесува кон градењето стратегии за државата. Нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност“,
порача Мицкоски.
Подобра иднина за државата, додаде премиерот, зависи исклучиво од нас и од никој друг.
„Мора да се свртиме кон себе, да се цениме повеќе, да веруваме во себе, да не дозволиме апатијата да не проголта и да не водат алузии дека сите не престигнале и дека нас не не бива. Не е точно. Одамна ќе бевме во ЕУ да не беа билатералните проблеми. Да се потсетиме, билатералните проблеми постоеја на денот на осамостојувањето и траат до денес како дел од нивната стратешка политика базирано на нивното гледање на истпријата и нивните интереси до ден денес“,
посочи Мицкоски.