Нападите биле изведени во области во Бејрут, јужен Либан и длабоко на територијата на земјата
Израел извршил повеќе воздушни напади во Бејрут и во јужен Либан, вклучително и на филијали на банка за која се вели дека го поддржува Хезболах, пренесува Би-би-си утринава.
Експлозии се слушнале во предградието Дахије во јужен Бејрут, област контролирана од Хезболах, како и во долината Бека и во јужен Либан. Засега нема информации дали има жртви.
Израелската војска претходно ги предупреди луѓето кои живеат во повеќе од 20 области во Либан, меѓу кои и 14 во главниот град Бејрут, дека планира да изврши напади во текот на ноќта.
Израелските одбранбени сили (ИДФ), исто така, соопштија дека ќе ги таргетираат банките и другата финансиска инфраструктура што го поддржува Хезболах.
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, во изјава предупреди дека „секој кој се наоѓа во близина на локациите што се користат за финансирање на терористичките активности на Хезболах мора веднаш да се оддалечи од овие локации“.
„Ќе погодиме неколку цели во наредните часови и дополнителни цели во текот на ноќта“,
рече тој.
Тој додаде и дека во наредните денови ќе откријат како Иран ги финансира терористичките активности на Хезболах користејќи цивилни институции, здруженија и невладини организации.
Утринава ИДФ, со објава на нивниот профил на ИКС, информираа дека во текот на ноќта биле изведени серија насочени напади на десетици објекти и локации што ги користи терористичката организација Хезболах за финансирање на нејзините терористички активности против Израел. Нападите биле изведени во областите во Бејрут, јужен Либан и длабоко на територијата на земјата.
„Овие средства, кои Хезболах ги користеше за терористички активности, беа складирани од (банката) ‘Ал-Кард ал-Хасан’, која директно ги финансира терористичките активности на Хезболах, вклучително и купувањето оружје и плаќањата на оперативците во военото крило на Хезболах. Терористичката организација Хезболах складира милијарди долари во филијалите на здружението, вклучително и пари кои директно се држеле под името на терористичката организација“,
се вели во објавата на ИДФ.
⭕Overnight, the IAF conducted a series of targeted, intelligence-based strikes against dozens of facilities and sites used by the Hezbollah terrorist organization to finance its terrorist activities against the State of Israel. The strikes were conducted in the areas of Beirut,…
— Israel Defense Forces (@IDF) October 21, 2024