„Вреди“: Срамно е Охридскиот договор да се приватизира со криминални зделки како Соравија

Најавите дека партијата на Ахмети ќе го одбележи 13 август како партиски „празник“ претставува чист паралелизам и обид за поделба на Албанците, велат од коалицијата „Вреди“

Прославата на датумот на попишувањето на Охридскиот рамковен договор 13 август и најавите на ДУИ дека ќе организира прослава предизвика реакции кај владејачката коалиција од редовите на Албанците, „Вреди“. Оттаму велат дека Демократската унија за интеграција сака да го приватизира и Рамковниот договор и дека тоа ќе значи паралелизам и обид за поделба кај граѓаните Албанци.

„Датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда. Ја информираме јавноста дека веднаш откако официјално беа испратени поканите за одбележување на овој историски датум, ДУИ и Али Ахмети решија да го девалвира државниот и институционалениот празник со приватен настан“,

велат од „Вреди“.

Оттаму велат и дека ДУИ го користи договорот како штит за своите поранешни корумпирани функционери, но и дека нивните подмолни намери се веќе прочитани од граѓаните оти секгоаш кога ќе се спомене „Охридскиот договор“ тие се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, дефокусирајќи го народот од темите за корупциски скандали за време на нивниото 22-годишно владеење.

„Никој нема право да ги приватизира придобивките за Охридскиот рамковен договор. Коалицијата ВЛЕН апелира до ДУИ да не го осквернавува 13 август, датум кој донесе мир. Срамно и понижувачки за загинатите и живи борци на УЧК и за потписниците Арбен Џафери и Имер Имери, Охридскиот договор да се приватизира со криминални зделки како Соравија“,

рекоа од „Вреди“.

- Реклама -