Во хотел во Јоркшир пронајдени  sидните лампи на Мадам де Помпадур од 1 милион фунти 

Четири позлатени бронзени лампи кои го осветлуваа домот на љубовницата на Луј XV во декември ќе бидат пуштени во продажба во аукциската куќа Сотби. 

Во замокот од 18 век, Свинтон во Јоркшир, сега раскошен луксузен хотел, речиси 140 години висат четири масивни ѕидни лампи од позлатена бронза. 

Лампите  кои се високи еден метар, имаат апликации во рококо стил и ги красат испреплетени гранки, лисја, бобинки и херувими. Гостите биле восхитени од нивната убавина.

„Гостите знаеја дека се добри, но не и колку добри“, рече Жоао Магалхаес, француски и италијански специјалист за мебел. 

Аукциската куќа Сотби верува дека го открила исчезнатото богатство откако ја следела историјата на светлата од големиот салон на љубовницата на францускиот крал Луј XV, Мадам де Помпадур, низ генерациите на европската аристократија.

Според Магалхаес апликациите се создадени од скулптор – мајсторот, Жак Кафиери. Иако четирите ѕидни светла во Свинтон не се потпишани, туку тие ги носат сите стилски обележја на уметничкиот стил на Кафиери. По девет месеци пребарување на француските сметки за продажба и записи за залихи, Магалхаес тврди дека ги пронашол лампите, следејќи ги трагите  од домовите на Мадам де Помпадур, прво во палатата Версај, а потоа и на прекрасниот замок подарен од кралот, Креси во Дре.

Жана-Антоанета Поасон, Маркизата од Помпадур – позната како Мадам де Помпадур – е главната и официјална љубовница на Луј XV, но и каков негов помошник и советник. Мадам де Помпадур беше централна политичка фигура во кралскиот двор во Версај, но и покровител на декоративната уметност и архитектура, спонзорирајќи многу просветителски филозофи и писатели, вклучувајќи го и Волтер. Таа ја одиграла главната улога во градењето на Париз како европска престолнина на вкусот и културата и е основител на светски познатата фабрика за порцелан Севр.

Дури и откако нејзината љубовна врска со кралот завршила и тој почнал да има помлади љубовници, Луј XV и останал посветен и низ годините кога нејзиното здравје се влошило, односно се до нејзината смрт од туберкулоза на 42-годишна возраст во 1764 година.

Де Помпадур е позната како ентузијастички поборник на екстремно орнаменталниот и драматичен рококо стил, наречен и доцен барок, кој се појавил во Франција во 1730-тите. Со такви артефакти и мебел биле исплнети 15-те резиденции кои ги поседувала.

Во замокот Креси, Мадам де Помпадур, наоѓала засолниште од притисоците на кралскиот двор. Таа таму била домаќин на долгите посети од кралот, како и од интелектуалци, писатели и уметници. Нејзиниот Grand Salon d’Assemblée бил долг повеќе од 16 метри и широк 8,5 метри, украсен со мебел во импресивна големина.

„Големиот салон на Мадам де Помпадур во Креси бил посветен на уметноста украсен во рококо стил. За жал, многу малку парчиња од овој салон преживеаја“, рече Магалхаес.

Во 1757 година, де Помпадур го продава замокот Креси и неговата содржина на Војводата де Пентиев, внук на кралот Луј XIV познат по огромното богатство, филантропија и вмешаност во француските поморски работи. Имотот на Де Пентиев е запленет за време на револуцијата во 1789 година. Тогаш се губи секаква трага од ѕидните лампи, сè додека повторно не се појавуваат на другата страна на Каналот во 1844 година во јужната соба за цртање на домот на вториот Ерл од Лонсдејл во Лондон. Лонсдејл, плоден купувач на француски мебел и порцелан од Севр, бил близок пријател на британскиот крал Џорџ IV.

Околу 1887 година, светлата биле продадени на аукција за 1.280 фунти и биле преместени во имотот Свинтон од 200 хектари, северно од Лидс, каде што останале, а две од четирите лампи биле поставени од двете страни на каминот од дневната соба.

Ѕидните лампи, проценети на 1 милион фунти, ќе бидат продадени на годишната аукција Treasures на Сотби во Лондон на 4 декември.

„Предмети како овие лампи не се појавуваат секој месец. Тие се многу убави, апсолутно неверојатни; монументални во однос на нивниот обем, квалитет и смелост на дизајнот. Тие врескаат за голем покровител на уметноста, а Мадам де Помпадур секако беше тоа. Гледаме некои извонредни работи во овој бизнис, но одвреме-навреме има нешто што само те запира во твојата патека. Гледањето на овие ѕидни светла беше еден таков момент“, рече Магалхаес.

- Реклама -