ВИДЕО I Ерупција во Венецуела – Винисиус промаши пенал, а се посрамоти и со обидот „од втора“


Бразил пропушти шанса да врзе трета победа во низа во квалификациите за Светското првенство, а главен виновник за тоа е Винисиус Жуниор кој не реализираше пенал во вториот дел.

Венецуела одговори на голот на Рафиња и успеа да израмни на стартот на второто полувреме, па иако во продолжение Бразилеците се обидуваа на секаков начин да дојдат до ново водство, на крајот не успеаја во тоа.

„Кариоките“ беа најблиску до такво нешто во 62-та минута, кога Винисиус изведе пенал за кој самиот се избори, но тоа го направи навистина лошо.

Млакиот удар беше лесно одбранет од голманот Рафаел Ромо, а вистинска ерупција на стадионот „Монументал де Матурин“ следеше по второто промашување при одбиената топка.

Винисиус не го погоди ниту голот при вториот обид со лева нога, сценарио по кое буквално се тресеа трибините на стадионот во Венецуела.

- Реклама -