Амбасадата на Белгија пријави исчезнат маж – планирал планинарска рута во регионот на Охрид, Струга и Дебар

Според информациите од полицијата, извршена е потрага со дрон, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени траги и предмети што укажуваат на негово присуство на посочениот терен

Амбасадата на Кралството Белгија на 18 септември пријави дека е исчезнат Ј.М. (72) од Белгија, што изминатиот период престојувал во државата, информираат од СВР Охрид.

„Според пријавата, лицето имало во план рута за планинарење во регионот на Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше), како и на север кон Албанија. Се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење“,

се вели во соопштението од полицијата.

Оттаму велат дека и покрај тоа што е извршена потрага и опсервација на теренот со помош на дрон, се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

„Лицето не е пронајдено и не се пронајдени траги и предмети што укажуваат на негово присуство на посочениот терен“,

информира СВР Охрид.

- Реклама -