Албанија ги почнува преговорите по кластери за членство во ЕУ

Првиот кластер „Основни вредности“ опфаќа фундаментални реформи во институциите во Албанија, вклучувајќи го судството и основните права, јавните набавки, статистика, безбедност и финасискиот надзор. Од нивното спроведување, односно од напредокот во овие области ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес, како и почетокот на преговорите по другите кластери

На денешната Меѓувладина конференција ЕУ – Албанија во Луксембург ќе биде отворен првиот кластер „Основни вредности“, со што Тирана практично ги почнува преговорите за членство во Унијата. Оваа конференција, како што соопшти унгарското претседателство со Европската Унија, се одржува откако Комитетот за постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои заедничкиот став на Унијата за отварање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија.

„„Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан“,

се вели во соопштението од унгарското претседателство.

Првиот кластер „Основни вредности“ опфаќа фундаментални реформи во институциите во Албанија, вклучувајќи го судството и основните права, јавните набавки, статистика, безбедност и финасискиот надзор. Од нивното спроведување, односно од напредокот во овие области ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес, како и почетокот на преговорите по другите кластери.

Пред неколку дена во Будимпешта се одржа средба меѓу премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која разговарале за пристапните преговори.

Албанија во 2009 година поднесе барање за влез во Европската Унија, а првата меѓувладина конференција за пристапни преговори се одржа во 2022 година. Досега напредокот на Албанија на патот кон ЕУ беше поврзан со напредокот на Северна Македонија.

Одлуката Албанија да почне преговори за членство во ЕУ по кластериминатиот месец ја донесе Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), со што земјата се одвои во патот кон ЕУ од С Македонија.

- Реклама -