Хјонг-Мин Сон во дресот на Фенербахче

Жозе Мурињо и Хјонг-Мин Сон наскоро се сретнаа за да дискутираат за можноста на трансферот на ѕвездата на Тотенхем во турскиот гигант, Фенербахче.

Според информации од Турција, капитенот на Тотенхем е заинтересиран за пресељење во Истанбул, а Фенербахче му нуди привлекателна годишна плата од 12 милиони евра.

Турскиот клуб е одлучен да го реализира трансферот што е можно побрзо, а како што пренесува шпанскиот „Фичајес“, целокупниот финансиски пакет би можел да достигне 30 милиони евра, што ги вклучува и обврските на Сон во Азија.

Иако има активен договор со Тотенхем до 2026 година, близките односи со Мурињо и атрактивната понуда од Турција можеби ќе бидат клучни за неговото одлучување. Важно е да се спомене дека токму Мурињо му даде нова димензија на кариерата во периодот од 2019 до 2021 година, додека беше тренер на англискиот клуб.