„Старлајнер“ безбедно се врати дома, но без астронаутите

Капсулата „Старлајнер“ на Боинг се врати синоќа од Меѓународната вселенска станица празна, откако астронаутите кои отпатуваа со неа во вселената останаа заглавени во Меѓународната вселенска станица и ќе останат таму до февруари.

Шест часа по откачувањето од Меѓународната вселенска станица, „Старлајнер“ безбедно се спушти со падобрани во Ново Мексико, водена само од автопилотот.

Пристигнувањето на капсулата назад на Земјата помина без инциденти, откако претходно капсулата имаше дефект на моторите и од неа истекуваше хелиум. Поради тоа, астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс, наместо само осум дена, се уште се во вселената, бидејќи НАСА процени дека постои преголем ризик да се вратат со „Старлајнер“.

Фото: НАСА

Боинг инсистираше дека по тестирањето спроведено на капсулата, таа е безбедна за да ги врати астронаутите дома, но НАСА не се согласи со тоа и одлучи да ги враќа астронаутите со леталото на SpaceX во февруари 2025 година, со што тие ќе останат во МВС осум месеци подолго од планираното.

Прочитајте и:  Полска ја најави првата мисија на Меѓународната вселенска станица

Вилмор и Вилијамс требаше да се вратат на Земјата со „Старлајнер“ на средината на јуни, само осум дена откако пристигнаа таму. Но поради проблемите со моторите и губитокот на хелиум, НАСА одлучи дека е преризично.

Со последните софтверски ажурирања, капсулата целсоно автоматски ја напушти МВС и се врати на Земјата.

При враќањето на Земјата повторно имаше некои ситни проблеми со моторите, но капсулата точно го погоди местото на кое што требаше да слета и безбедно се врати.

Програмскиот менаџер на НАСА, Стив Стич изјави дека и покрај тоа што „Старлајнер“ безбедно се врати на Земајта, одлуката Буч и Суни да останат е правилна.

„Сите сме среќни за успешното слетување. Но дел од нас, од сите нас, посакува тоа да се случеше како што првично беше планирано“ изјави тој.

- Реклама -