На 20 јуни, во 19 часот во книжарницата „Антолог” ќе се одржи промоцијата на „Ехо на споделеното лудило“, книга од авторот Благоја Стојков во издание на „Антолог“.
Промотор ќе биде Алек Василевски, а модератор Билјана Велкова.
Елза Вилоу е очајна откако ќе дознае за смртта на својот сакан сопруг. За чудо, телото го нема никаде – само локва крв и извадено човечко срце во неговиот кадилак. Таа паѓа во очај и е подготвена на сè за да дознае кој и зошто го има убиено Морган и дали тој навистина е мртов. Сосема случајно открива поврзаност помеѓу сопругот и Брент Брајсон – поранешен криминалистички психолог чија осумгодишна ќерка исчезнала под мистериозни околности. Младиот пензионер Брент е чуден, енигматичен, несекојдневен и претерано богат. Уверена дека потенцијалното убиство на Морган и исчезнувањето на Џозефин се поврзани, таа го убедува да започнат потрага по вистината за нивните сакани. За време на патувањето ги откриваат своите мрачни тајни од минатото, се приврзуваат еден со друг, чувствата добиваат предност пред нивната кауза, но и покрај тоа не се откажуваат од целта – да ја дознаат вистината за Морган, Џозефин и за нивната поврзаност.
Благоја Стојков е роден на 2 декември 2003 година во Кочани. Живее на релација Зрновци – Скопје. Студент е во Скопје. Автор е на четири книги – „Гонејќи дух“, „Двете ѕвезди“, „Пеколен меден месец“ и „Ехо на споделеното лудило“. Своето слободно време го исполнува со: уметност, книжевност, филм, музика, филозофија, психологија, патувања