Четири работилници кои третираат делови од театарската практика, ќе бидат организирани во рамки на 58. издание на Меѓународниот Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
„Промената започнува на индивидуално ниво и само кога ќе се промениме самите ние, може да го менуваме светот околу нас. Водени од желбата да инспирираме промени во востановениот театарски систем, организираме четири работилници во рамки на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Работилниците третираат делови од театарската практика кои заслужуваат дополнително внимание за да се развие нивниот целосен потенцијал“, велат организаторите.
Работилниците ќе се одржуваат во текот на претстојното издание на фестивалот од 7 до 14 јуни во Прилеп.
Повеќе детали за секоја работилница, менторите и начинот на пријавување се достапни на формуларот https://forms.gle/u1Ww5zi6KWidB7RK6
Организаторите ги покануваат сите заинтересирани млади и оние што сакаат да знаат повеќе за театарот кои се од Прилеп и околината да се пријават за учество.