Паника во Холивуд, Клинт Иствуд (94) не дојде на премиерата на својот најнов филм: „Добар е, но многу е лут“

Оскаровецот Клинт Исвуд, кој има 94 години, не присуствуваше на премиерата „Поротник бр. 2“, со Николас Хулт и Тони Колет во главните улоги. Својата одлука ја донел за да испрати порака до филмското студио Ворнер Брос.

Постојат шпекулации дека филмот, би можел да биде и последен на Иствуд, пред засекогаш да се пензионира.

Драмата во судницата ќе се прикажува само во одредени кина низ Америка, потег што сериозно го ограничува потенцијалот на филмот да заработи пари. Според заклучокот на магазинот Variety, со ваквата одлука филмот е „погребан“.

Пријателите на Иствуд велат дека ова не е начин да се постапува со холивудската легенда која со децении е лојална на Ворнер Брос и стравуваат дека неговиот успех ќе биде ставен под тепих.

„Изгледа чудно што актер и режисер кој заработил буквално милијарди долари за студиото, би го објавил својот потенцијално последен филм на толку ограничен начин“, вели филмскиот историчар, Ендрју Патрик Нелсон.

Ограниченото прикажување на филмот би можело да биде резултат на „стегање на ременот“ за време на нестабилниот период за американската филмска индустрија. Матичната компанија на студиото пријави загуба од речиси десет милијарди долари во август додека киното се бори да се опорави од пандемијата.

Извори од Ворнер Брос за Variety изјавиле дека е знак на почит кон Иствуд што Поротникот бр. 2 воопшто добил кино издание.

- Реклама -