Постхумниот албум на Џони Кеш насловен како „Текстописец“ официјално беше објавен во петокот. Албумот содржи 11 песни кои уметникот ги напишал во текот на неговата кариера.
Албумот е снимен во 1993 година, кога Кеш менувал издавачки куќи, поради што снимените песни ги тргнал настрана и никогаш не биле објавени.
Сепак, синот на Џони Кеш, Џон Картер Кеш и продуцентот Дејвид Р. Фергусон го завршиле албумот, а во неговата доработка учествувале и Марти Стујард, Винс Гил и Ден Ауербах.
„Музичарите кои учествуваа во изработка снимаа заедно со татко ми, како многу пати претходно. Ја познаваа неговата енергија и поради тоа можеа да му дозволат да ги води“ рече синот на Џони Кеш.