Северина (52) повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со објава на која се гледа нејзината модерна облека. На фотографиите се издвојува нејзината темноцрвена кожена јакна која ја искомбинирала со едноставна бела маичка и лежерни фармерки.Северина во оваа облека се прошета низ Сараево.Посебно внимание привлекува црната чанта што таа ја носи. Ова е познатиот модел на Saint Laurent Sac de Jour. Оваа луксузна чанта изработена од висококвалитетна кожа чини околу 2.500 евра.Објавата веќе собра над 10.000 лајкови. „Како девојче“, „Убава си“, „Засекогаш млада“, се само дел од коментарите.Текстот „Како девојче“: Северина воодушеви со аутфит и луксузна чанта вредна 2.500 евра е превземен од МАКФАКС.
Извор