На 1 јули, во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте Амам, Изабел Лорај, една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот, ќе одржи предавање во рамките на КРИК09 – Фестивалот за критичка култура, во кое ќе се тематизираат сегашните практики и потенцијалите на општествената грижа, кои можат да бидат основа за моделот на демократија во сегашноста.
Сегашноста, која несомнено се одликува со екстремни услови на прекарност во работата и животот, исто така носи и отвора поле во кое споделената прекаријарности взаемнo зависење може да се зачува. Новата концепција на прекариарност се заснова на квир/црн и конечно лош долг, долг кон меѓусебната зависност, во смисла на бескрајно должнички односи на грижа. Наспроти машкиот долг, кој наложува сигурност и е насочен кон иднината, долг кој воспоставува фиксни индивидуализирани субјективности, оној кој не ја експлоатира работата, туку општественоста и животот, и кој се базира на односот заемодавач-заемопримач, Изабел го повикува квир долгот како средство за дисперзија на грижата и политиката во сегашноста.
После предавањето на англиски јазик, во разговор со Артан Садику, ќе ги дискутираме прашањата: Како да се ослободиме од позицијата на субјективитетот на долгот што ни го наметнува сегашниот систем? И како да се организира дисперзирана социјализирана грижа за да се бориме против временската оскудица на сегашноста?
Изабел Лорај е политичка теоретичарка и професорка по квир студии на Академијата за медиумски уметности (KHM) во Келн и работи за transversal texts (transversal.at), платформата за издаваштво на Европскиот институт за прогресивни културни политики (eipcp). Таа е авторка на неколку книги, меѓу кои „Состојба на несигурност: Влада на несигурните“, „Демократија во политичката сегашност: Квир-феминистичка теорија“. Во 2009 година, Изабел Лорај престојуваше на Универзитетот во Виена со студија за формирање на општеството и консолидирање на владеењето, која беше објавена од Diaphanes во 2011 година како „Фигури на имунитетот“. Лорај е веројатно најпозната по својата книга „Владеењето на несигурните“, која е преведена на пет јазици, и за која Џудит Батлер го напиша предговорот. Во неа, Лорај се занимава со несигурноста што се шири низ општеството, социјалната несигурност во нео-либералниот контекст, поврзаните родови политики, но и можностите за промени. Лорај работела како гостин професор на Универзитетот за уметности и Хумболтовиот универзитет во Берлин, а предавала и на универзитетите во Базел, Виена и Касел, на теми од социјални/општествени и културни науки, феминистичка и постколонијална теорија.
КРИК – Фестивал за критичка култура е финансиски поддржан од, Гете Институт, Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. Како и Agenzia Italiana per la Cooperazione allo Sviluppo (AICS), Tirana во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.