Вчера изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Вчера изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Вчера, во временскиот интервал од 09:30 до 18:30 часот, на подрачјето на град Скопје беше спроведена засилена акциска контрола во сообраќајот. Како резултат на контролата, биле санкционирани вкупно 262 учесници во сообраќајот.

Меѓу нив, десет возачи биле затекнати како управуваат возило без соодветна возачка дозвола. Исто така, биле изречени три казни за управување нерегистрирани возила, додека три прекршочни мерки биле издадени за возачи кои не им дале предност на пешаците на обележан пешачки премин. Покрај тоа, санкционирани биле и четворица возачи почетници, а 12 мерки биле насочени кон пешаци кои направиле одредени прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период. Тие апелираат до сите граѓани да се придржуваат кон сообраќајните прописи и правила со цел да се унапреди безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за побезбедни улици и патишта.