Во Кремљ без часовник: нови правила за средби „лице в лице“ со Путин, наводно поради страв од атентат

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин ги заостри протоколите за посетители кои присуствуваат на средби „еден на еден“ во Кремљ. Според новите правила, сега е задолжително предавањето на рачните часовници пред влезот на состанокот. Оваа забрана не се однесува само на „паметни“ уреди, туку и на класични механички часовници. Мобилните телефони оддавна се забранети на ваквите средби, а часовниците сега се приклучени на списокот на предмети кои мора да се остават пред влезот.

Според информации, оваа мера е започната околу средината на април и во последните официјални фотографии од средби во Кремљ, некои функционери навистина се појавуваат без часовник, иако во други прилики биле видени со него. Исто така, се наведува дека правилото не важи за членовите на најблискиот круг на Путин, односно за лица со кои тој има долгогодишни познанства. Како пример се споменуваат поединци од врвот на државните корпорации и блиски соработници, кои често носат часовници.

Прочитајте и:  Објавен повик за избор на организатор на Дојранското културно лето

Контекстот на заострувањето на протоколот е поврзан со зголемените безбедносни проценки во Русија, како и со шпекулации за потенцијални ризици од внатрешни превирања и можни обиди за напад на претседателот. Во јавноста кружат и тврдења за зголемено ниво на заштита на објекти поврзани со Путин, како и за дополнителна претпазливост во неговото движење.