Бразил го забрани X поради дезинформациите

Александре де Мораеш нареди „итна и целосна суспензија“ на платформата додека не почне да ги почитува судските одлуки и да ги плати казните.

Расправата помеѓу X и бразилските власти започне во арпил, кога судот нареди суспензија на десетици профили на социјалната мрежа поради ширење на дезинформации. Реагирајќи на оваа одлука, сосптвеникот на X, Илон Маск рече дека слободата на говорот е основа на демократијата и дека неизбран „псевдо-судија“ од Бразил ја уништува за политички цели.

Оваа социјална мрежа се корсти од десеттина од граѓаните во Бразил, кои сега пријавуваат дека не можат да пристапат на страницата.

X ги затвори своите канцеларии во Бразил претходно овој месец, велејќи дека на нејзината претставничка ѝ се заканувале со апсење доколку не ги почитува одлуките кои ги опишуваат како „цензура“.

Судијата Мораеш нареди дека профилите на X обвинети за ширење на дезинформации, најчесто поддржувачи на поранешниот десничарски претседател Болсонаро, да бидат блокирани додека трае истрагата. Тој рече дека легалните претставници на компанијата ќе бидат одговорни доколку овие профили се реактивирани.

Бразил се заканува со казни за социјалната мрежа доколку одбие да ја почитуваа оваа одлука.

Ова е само уште еден во низа спорови на Маск,  кој претходно се судри со ЕУ околу регулативата на X и на почетокот на овој месец се вплетка во војна на зборови со премиерот на Велика Британија, Сер Кир Стармер.

Судијата Мораеш исто така им даде на компаниите како Apple и Google рок од пет дена да го отстранат X од продавниците за апликации на нивните телефони и да ја блокираат неговата употреба на iOS и Android системите.

Тој додаде дека луѓето или бизнисите кои користат средства како што се VPN (виртуелна приватна мрежа) за пристап до платформата може да бидат казнети со 50.000 R$ (6.700 фунти).

Прочитајте и:  Рамасвами и Маск планираат укинување на ФБИ и масовно отпуштање владини службеници

Според наредбата на судијата, забраната ќе биде на сила додека X не именува нов правен застапник во земјата и не плати казни за кршење на бразилскиот закон.

Во претходна објава од социјалната мрежа Х порачаа дека нема да ги исполнат барањата.

„Наскоро, очекуваме судијата Александре де Мораеш да нареди X да биде затворен во Бразил – едноставно затоа што нема да се придржуваме до неговите незаконски наредби за цензура на неговите политички противници“, се вели во објавата.

„Основното прашање што е во прашање овде е тоа што судијата де Мораеш бара да ги прекршиме законите на Бразил. Едноставно нема да го сториме тоа“.

Во меѓувреме, банкарските сметки на компанијата Старлинк на Илон Маск во Бразил се замрзнати по наредба на Врховниот суд.

Компанијата Старлинг реагираше со објава дека оваа наредба е базирана на неоснована одлука дека Старлинг е одговорен за казните на X.

Судијата Мораеш стана популарен во Бразил по неговите одлуки да ги ограничи социјалните мрежи во неговата држава. Тој исто така го истражува и проанешниот бразилски претседател и неговите поддржувачи за нивната улога во наводниот обид за државен удар од 8 јануари оваа година.

X не е првата социјална мрежа која е под притисок на властите во Бразил. Минатата година, Телеграм беше привремено забранет поради одбивањето да соработува со властите за блокирање на одредени профили.

WhatsApp исто така беше привремено забранет во 2015 и 2016 година поради одбивањето да соработува со полицијата и да споделува податоци.

Извор: Би-Би-Си

- Реклама -